Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски најавува лидерска средба за укинување на техничката влада

/

пред 273 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе испрати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до 10 дена. На средбата се очекува да се разговара за консензус околу реформските закони и укинување на техничката влада.

Исто така, темите ќе вклучуваат и избор на нов народен правобранител, откако по пензионирањето на Насер Зибери, изборот на негов наследник беше блокиран поради недостиг на мнозинство во Владата.

Мицкоски очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат поканата и да учествуваат на средбата, со цел да се постигне конструктивен дијалог за клучните државни прашања.