Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Наскоро убави вести од Вашингтон за македонските извозници

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази оптимизам дека наскоро ќе пристигнат позитивни вести од Вашингтон во врска со македонскиот извоз на американскиот пазар.

Тој информираше дека преговорите со САД за царините се во завршна фаза и дека Македонија е меѓу најнапредните земји од Европа по ова прашање.

Мицкоски потсети дека Македонија одамна има потпишана заедничка изјава со САД и додаде дека во последните рунди на преговори, кои се водат со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, е постигнат значителен напредок.

„Очекуваме убави вести за македонските граѓани и извозници, но да почекаме официјална потврда од Вашингтон“, изјави премиерот.

Претходно, САД и Европската Унија постигнаа договор за решавање на трговскиот спор и усогласија униформна царина од 15% за сите стоки од ЕУ.

Со оглед на тоа што многу македонски компании извезуваат преку ЕУ, овој договор е позитивен и за македонската економија, посочи Мицкоски.