Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: По изборите во Собранието ќе предложиме резолуција која што ќе има за цел да ги штити националните интереси

/

пред 387 дена

Сподели преку :

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е дека содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат македонските национални интереси.

Уставни измени до февруари, без прифаќање на нови барања – СДСМ со предлог Резолуција за црвените линии

  • И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна државотворна партија ќе направиме една вистинска резолуција. Еве како подлога ќе ја искористиме оваа резолуција и преку собраниските комисии после завршувањето на локалните избори ќе формираме т.н. македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Нешто што, за жал, за СДСМ видовме дека во минатото не постои, а мене ми е жал што и овој претседател на СДСМ како и неговите двајца претходници продолжува по таа патека, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека имал кратко време да го прочита документот што СДСМ го достави во Собранието и немал време да навлезе во детали, бидејќи за него ќе се дискутира после изборите. Од она што успеал да го види рече дека има доста работи што тие сметаат дека би допринеле во квалитетот на самата резолуција, но она што му паднало во очи а, како што потенцира, „е типично за СДСМ да фалсификува и лаже“ се оние неколку точки кои се во самата преамбула на резолуцијата.