Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски се сретна со британскиот Крал Чарлс III

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на официјалната посета на Лондон и учеството на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, оствари средба со Кралот Чарлс III.

Средбата, како што објави Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил, била искрена и содржајна, со фокус на пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на животната средина.

„Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“, порача Мицкоски.

Во британската престолнина, премиерот ќе оствари и низа билатерални средби насочени кон економска и инфраструктурна соработка. Дел од владината делегација се и министрите Николоски, Муцунски, Кочоска-Димитриеска и Муртезани.

Т.Д.