Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон

/

пред 696 дена

Сподели преку :

На маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта премиерот Мицкоски оствари продуктивна средба со Францускиот претседател Емануeл Макрон. „Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Нема објава дали можеби имало и средба со бугарскиот претседател, Румен Радев, иако се појавија информации дека домаќинот на Самитот, унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе им организира средба на Мицкоски и Радев, а премиерот изјави дека е подготвен за разговори.
Неодамна имаше најави дека Франција и Германија се подготвени да се вклучат во поддршката на разговорите меѓу Македонија и Бугарија, особено по формирањето на новата бугарска влада. Оваа поддршка има за цел да помогне во надминување на отворените прашања меѓу двете држави и да го поттикне напредокот на Македонија на патот кон ЕУ интеграциите.