Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицковски со повик- кој има докази за евентуалните криминали на Меџити да ми се јави

/

пред 605 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани. Опозициската СДСМ освен што се сомнева во корупција кај Меџити од свиркачи добиле и документи. Со решение, Државниот управен инспекторат и официјално ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Со ова решение јасно се потврдува дека незаконските постапки на Меџити биле детектирани и санкционирани, потенцираат од СДСМ

  • „Покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните, “ се вели во излагањето на организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.

Ова не е прв скандал во кој Меџити е вмешан. Најпрво, јавноста беше сведок на неговите партиски вработувања, а сега гледаме дека истиот човек, спротивно на законот, создал сопствен систем за потпис и одлучување, што отвора сомнежи за корупција и мито, додава Костовски кој јавно го прозва премиерот Мицкоски, а тој пак, експресно му одговори.

  • „Сите што поседуваат докази за такво нешто ги повикувам, го знаат мојот број, ако треба, ќе напуштам состанок за да ги предадеме на органите што треба да постапуваат. Во спротивно, морам да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да се занимаваат со магла, магла што е оптоварена со зборот корупција,“ одговри Мицкоски прашан случајот во МЗЖС.

Се огласи и антикорупциска: „ДКСК укажува дека  актуелните најави за вработувања во јавната администрација, од страна на одредени политички субјекти во Република Северна Македонија, не смеат да бидат предмет на договор на политички структури. Секое вработување мора да биде во согласност со закон, по мерит систем и без никакви влијанија“.

Премиерот за 48 часа втор пат стои зад неогвиот заменик од колициските редови откако Меџити во телевизиски гостувања најави вработување на етнички Албанци во државната администрација. Нема нарушување на односите меѓу партнерите во владината коалиција, но некои министри се обидуваат да си го зголемат рејтингот, одговори Мицкоски викендов, прашан за отворениот судир меѓу вицепремиерот Меџити и министерот Минчев.

Павле Беловски