Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицотакис и Радев го потврдиле стратешкото партнерство меѓу Грција и Бугарија

/

пред 841 дена

Сподели преку :

На средба во Атина разговори меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев за прашањата од европски интерес за двете земји.

Меѓу нив и заедничкиот горлив проблем, Македонија.

По средбата во изјава за бугарските медиуми Радев порача дека нема да има никакво репреговарање на Договорот за добрососедство како што најави премиерот Христијан Мицкоски.

Вели дека тоа не е возможно, а за властите во земјава дека не го знаат меѓународното право.

Според него договорот меѓу двете земји не треба да се репреговара туку да се спроведе.

Мицотакис пак со став дека Грција и Бугарија секогаш имаат многу работи за разговор за регионот, „во услови на важни геополитички предизвици“.

Двајцата заедно порачаа дека стратешко партнерство создава оска на стратешка соработка.