Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицотакис: Нашиот северен сосед не може да избега од одредбите на Договорот

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази уверување дека Македонија ќе разбере дека не е во нејзин интерес да го задржи ставот што предизвикува проблеми со Грција.

Во интервју за телевизијата „Антена“, Мицотакис нагласи дека Грција е најголемиот сосед и важен инвеститор, и дека земјава очекува поддршка од Грција во процесот на евроинтеграција.

Мицотакис повтори дека ја очекува јасната позиција од државниот и политичкиот врв на Македонија во однос на почитувањето на Договорот од Преспа.

Мицотакис ја истакна својата позиција за името на земјата, посочувајќи дека Македонија не може да избега од одредбите на Договорот, без разлика дали името се користи во странство или во внатрешноста на земјата.

Тој се надева дека Македонија ќе ја прифати оваа реалност и ќе ја потврди својата посветеност на почитувањето на договорот.

Дополнително, премиерот напомена дека Грција веќе го информирала своите сојузници за ставовите на својот северен сосед.