Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Миграцијата, економијата, губењето на работни места – фокус точки во кампањата за утрешните предвремени избори во Германија

/

пред 604 дена

Сподели преку :

Војната во Украина, енергетска криза, инфлација, климатската политика едвај да се спомна… Фокусот во кампањата, сепак, беше на внатрешни прашања, во преден план беа миграцијата, економијата и губењето на работни места. Околу 60 милиони Германци утре ќе излезат на вонредни парламентарни избори, четврти такви по Втората светска војна, за 630 пратеници во Бундестагот. Утрешните избори се последица на падот на досега владеачката „семафор коалиција“ на канцеларот Шолц во ноември. Тој останува во трка за функција во која уште се шефот на Демохристијаните, Фридрих Мерц, лидерот на „Зелените“, Роберт Хабек и кандидатката на крајно-десничарката Алтернатива за Германија, Алис Вајдел.

Канцеларот Шолц порача дека Германија нема да ја остави Украина сама, нагласувајќи дека земјата има право да одлучува за сопствената иднина. Се осврна и на говорот на американскиот потпретседател Џеј ди Венс на Минхенската безбедносна конференција.

Не пропушти да го искоментира ниту Илон Маск, кој даде поддршка на десничарската Алтернатива за Германија.

Негов најголем ривал за канцелар е Фридрих Мерц од редовите на Демохристијаните кои до 2021 година, 16 години владееја со земјата преку Ангела Меркел. Тој укажува на пад на економијата која, според него, од најсилна европска, сега е при дното на континентот. Мерц истакна дека 50.000 компании пријавиле банкрот, а годишно од земјата се одлеваат околу 100 милијарди евра. Високо во изборниот манифест се илегалната миграција, заострување на правилата за азиланти и засилување на системот за депоратција. Нагласи потреба од мобилизирање на Европјаните за преземање на безбедносните предизвици во свои раце.

Анализите покажуваат дека Германија е пред француско постизборно сценарио, односно дека ниту една партија нема да освои доволен број на мандати за сама да состави влада. Според анкетата на Институтот за јавно мислење, Демохристијаните и нивниот лидер Мерц може да сметаат на 29 отсто поддршка од електоратот. Проекциите велат дека ЦДУ ќе освојат околу 220 места во Бундестагот во кој втора политичка сила според бројот на мандати се очекува да биде Алтернатива за Германија со 145, додека владеачките Социјалдемократи би можеле да освојат околу 115 места. Анкетите укажуваат дека Социјалдемократите и Либералите бележат масовно губење на симпатиите – односно дека првите се пред најлоѓиот изборен резултат по втората светска војна, а вторите би можеле да останат под цензусот од пет отсто.

Сашко Димовски