Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Mигранти влегле во камион на граничниот премин Богородица додека возачот правел пауза

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Пет мигранти биле пронајдени во камион на граничниот премин Богородица ноќеска околу 01:30 часот. Мигрантите ги пријавил возачот на камионот.

При разговор со нив тие појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, тие влегле во задниот дел на приколката.

„Денеска околу 01:30 часот на граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) од Скопје, кој управувал товарно возило „сканија“ со косовски национални ознаки, им пријавил на царинските службеници дека има некој во камионот. Од страна на  царински службеници, при прегледот биле пронајдени пет мигранти. Со нив бил извршен разговор, каде појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, влегле во задниот дел на приколката. Мигрантите се спроведени во Прифатно транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка“, се посочува во дневниот билтен на Министерството за внатрени работи.