Даниела Михајловска Василевска од Стопанска комора на Македонија, во вечерашната Топ Тема говореше за проблемите со кои се соочува туристичкиот сектор додека чека на стратегија од државата.
„Многу е не благодарно било кој од нас да каже во која насока треба да се развива туризмот. Имаме широка палета на туристички производи. Она што нас ни треба е системски пристап, аналитичен пристап за да видиме каде сме и кои се најголемите потенцијали и каде најбрзо ние можеме да произведеме видливи резултати од “инкамин“ туризмот. Што значи тоа, угостителите, здруженијата на водичи сите чинители почнувајќи од академската фела преку образование, сите се вклучуваат во креирање на стратегијата“, рече меѓу другото Михајловска Василевска.











