Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минималната плата треба да се утврди до крајот на месецот, порача министерот Дурмиши

/

пред 576 дена

Сподели преку :

До крајот на месецов треба да се направат пресметки и да се утврди висината на минималната платата и во таа насока веќе е формирана Комисијата за утврдување на репрезентативноста на синдикатите и минатата недела е изгласана на седница на Владата“, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

„Тие почнаа да работат за да одберат кој синдикат исполнува услови за да биде репрезентативен. По утврдувањето на репрезентативноста веднаш ќе го свикаме Економско социјалниот совет на кој ќе ја отвориме како тема минималната плата. Доколку работодавачите и синдикатите се договорат за друг начин на утврдување или друга вредност на минималната плата ние ќе бидеме таму за да им помогнеме на двете страни“, рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека очекува Комисијата многу брзо да ја утврди репрезентативноста на синдикатите.

„Имаат многу работа затоа што треба да проверат многу документи, но таа комисија веќе е формирана и веќе работат на тоа. Сепак, сега за сега согласно законот кој е во сила до крајот на месецов треба да се утврди вредноста на минималната плата и покрај тоа што имаме ситуација без репрезентативност на синдикатите“, појасни Дурмиши.