Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството во 2019 не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов, објави Дескоска

/

пред 1630 дена

Сподели преку :

Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира, напиша на својот Фејсбук профил доцна попладнево екс министерката за правда, Рената Дескоска.

„Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда“, пишува Дескоска на Фејсбук.

Додава дека во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда.

„Министерството тогаш не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов. Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, се вели во нејзината објава.