Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

/

пред 628 дена

Сподели преку :

Министерството за финансии денеска ја исплати еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра, што беше издадена во времето кога министер за финансии беше Драган Тевдовски, со камата од 2,75 отсто.

Парите за сервисирање на оваа обврска која доспеавше на 18 јануари годинава, беа обезбедени преку заем од унгарската експорт-импорт банка, со камата од 3,25 отсто, рок на отплата 15 години, со вклучен грејс период од три години.

Земјата досега има издадено девет еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеваат за отплата уште три еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.