Во врска со случајот со починатиот пациент на Клиника за онкологија, Министерството за здравство информира дека пациентот бил донесен во исклучително тешка состојба, со четврти стадиум метастази на коски, што било констатирано пред една година и дадена терапија.
- Од страна на медицинскиот тим веднаш била иницирана постапка за обезбедување крвен дериват. За жал, додека трае оваа процедура, пациентот починал и покрај сите преземени мерки, соопштуваат од Министерството за здравство.
семејството на пациентот одбило да се изврши обдукција.
Од министерството тврдат дека наводите за губење на медицинската историја на пациентот се неточни, ниту имаат каква било поврзаност со третманот на пациентот.











