Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министрите на ДУИ денеска ќе ги поднесат до Ковачевски условените оставки, Мицкоски вели не треба да се гледаат сериозно

/

пред 1176 дена

Сподели преку :

Петтемина министри од редовите на ДУИ денеска и формално ќе ги поднесат условените оставки во премиерот Димитар Ковачевски и истите би се активирале веднаш штом бидат усвоени уставните измени.

Вицепремиерот Груби најави и дека тие како партија се подготвени да се откажат и од договорениор премиер Албанец 100 дена пред избори доколку опозицијата даде поддршка како што велат на патот кон ЕУ.

Поддршка на своите партиски колеги вчера изрази и претседателот на Собранието Талат Џафери кој во интервју за МИА рече дека е подготвен да ги следи чекорите на своите сопартијци и би се повлекол и тој од функцијата.

Од СДСМ велат дека сега на потег е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да докаже дали е за продолжување на евроинтегративниот пат Македонија.

Мицкоски пак на став оставките на ДУИ не треба да се гледаат сериозно, повтори дека уставни измени нема да има, како и дека единствено решение во оваа ситуација се предвремени парламентарни избори.

– Постапките немаат суштина и тие велат оставките ќе важеле кога опозицијата ќе гласала за уставните измени. Оставките тогаш ќе биле ефективни. Формално такво нешто не постои, вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски потсетува дека до Димитар Ковачевски имал две понуди, важење на уставните измени кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ и распуштање на Парламентот, барање на гаранции.