Сетот на инструменти кои стојат на располагање и врз основа на она што претставува законска рамка се познати – постои можност за корекција на стапката на акцизите, корекција на стапката на ДДВ и интервенција со помош на државните стокови резерви, рече Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма во контекст на војната на Блискиот Исток и нејзините импликации врз националната економија.
„Но, овие инструменти кои ни стојат на располагање, треба да се користат внимателно,затоа што ситуацијата е непредвидилива. Не знаеме каква ќе биде динамиката на кризата, во колкав временски период ќе се одвива и во колкавстепенда гикористиме овие инструменти“, вели Миноски.
С.Д.











