Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирчевска за предложениот закон за висока раководна функција: Принципот на политичка зависност надвладува над принципот на институционален континуитет

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Кја граѓанскиот сектор има консензус дека нѝ е потребна радикална реформа која би придонела кон воспоставување на непартиско, професионално и стручно јадро во јавната администрација, рече Марија Мирчевска, раководителка на Центарот за добро управување во ИДСЦ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во врска со предложениот закон за висока раководна функција.

„Имавме неколку клучни забелешки околу моделот кој што е предложен во овој закон. Првата наша забелешка е од концепциска природа и за нас е проблем чувството дека принципот на политичка зависност надвладува над принципот на институционален континуитет. Сметаме дека со законот не се прави редефинирање на природата на овие позиции од политички да преминат кон административни, стручни и уште поважно, не се прави редефинирање на односот на моќ меѓу владата и овие високи раководни позиции. Затоа што законот предвидува дека мандатот на државниот секретар е директно врзан со мандатот на владата додека мандатот на директорите е во принцип четири години, освен ако со материјалните закони не е предвидено меѓу две и пет години да трае мандатот“, истакна Мирчевска.

С.Д.