Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирен изборен ден во Центар и Чаир

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Во мирна и демократска атмосфера гласачите на Центар утрово излегоа да го дадат својот глас на двојните избори за избор на претседател и нов собраниски состав. Избирачките места беа отворени навреме во 7 часот, така беше и во ОУ Гоце Делчев кое го посети екипата на Телма Тв. Првиот гласач своето право на глас таму го искористи 1 минута по отварањето на избирачкото место.

И во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци гласањето се одвиваше во мирна атмосфера.

Екипата на Телма го посети и  ОУ ,,Лирија’’ во општина Чаир и 26 јули во Населба Шуто Оризари. Граганите го остаруваа своето гласачко право, а присутните полициски службениiц се грижеа за изборниот процес да тече во најдобар ред.

Граганите кои утрово се упатија кон неколку избирачките места во Скопје, ги кажаа своите ставови и очекуања од идниот претседател и парламентарен состав.

Граганите во текот на изборниот ден можат да пријават било каква повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0 800 54321 или лично во канцелариите на обдусманот.

Марија Коцева