Сплит мириса на чад. Голем пожар се заканува на неколку приградски населби во градот. На терен се 250 пожарникари со 83 противпожарни возила кои имаат воздушна поддршка од четири канадери и еден Ер трактор. Ситуацијата засега е стабилна, ветрот кој ги ширеше пламените јазли е смирен. Огнениот фронт е локализиран, но десетици луѓе, сепак, беа принудени на евакуација, а тројца пожарникари побарале лекарска помош.
Удар на гром беше причина за појавата на пожарот во околината на Сплит кој подоцна се прошири. Противпожарните власти соопштија дека се опожарени над 700 хектари трева, нискостеблести растенија и шума, но оти состојбата е под контрола.
Пламениот фронт бил успешно пресечен во текот на ноќта, одбранети се сите објекти во две населени места и претпладнево се врши санација на опожарените делови. Отстранета е опасноста и за ракетната база на хрватската армија. Но, надлежните предупредуваат на внимание, бидејќи прогнозата за попладнево најавува нов силен ветар.
Сашко Димовски











