Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирно, но тензично во Северна Митровица по влезот на над 300 вооружени полицајци

/

пред 1412 дена

Сподели преку :

На северот од Косово утринава мирно но тензично откако доцна синоќа над 300 вооружени припадници на косовската полиција, во придружба на оклопни возила, влегоа од јужниот во северниот дел на Митровица.

Според српските медиуми за време на полициската акција било забрането снимање и фотографирање.

Дел од нив пренесоа дека биле ангажирани специјални единици на што пак владата на Курти веднаш излезе со демант дека станува збор за специјални полициски единици со одговор дека се испратени обични полициски службеници.

Косовските органи за спроведување на законот соопштија дека еден полицаец бил повреден во вооружен инцидент меѓу полициските сили и вооружени граѓани, при што оштетено било и полициско возило во селото Шербовц, општина Звечан, 50 километри северно од главниот град Приштина.

Ваквата акција следува откако претходно беше најавено од страна на косовската полиција дека во наредниот период ќе го зголеми своето присуство во овој дел од земјата со цел одржување на јавниот ред, гарантирање на безбедноста, заштитата на животите и имотот на сите граѓани.

Беше соопштено дека полицијата има капацитет за управување и контрола на безбедносната ситуација како и за одржување на редот и мирот.