Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мировни преговори Русија-Украина во Истанбул

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Кремљ не очекува значителен напредок во мировните преговори со Украина што треба да почнат денеска во Турција, соопшти портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков. Русија, како што наведе, останува на своите позиции и нема да отстапи од првично поставените цели.

  • Нема основа за надеж во некакво чудо, но ние ќе ги браниме нашите интереси, ќе се заложиме за нивно остварување и ќе продолжиме да ги исполнуваме задачите што си ги поставивме од самиот почеток, изјави Песков пред новинарите.

Тој додаде дека темата на преговорите меѓу Русија и Украина е „доста сложена“ и дека ќе се разговара и за нацрт-меморандумите што двете страни ги разменија при последната рунда разговор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак соопшти дека Украина ќе инсистира на размена на воени заробеници, враќање на украински деца однесени во Русија и подготовка на состанок меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

Последната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина се одржа на почетокот од јуни во Истанбул, но без конкретен резултат.