Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Мислел“ дека е кутија со зеленчук – робот уби човек во фабрика во Јужна Кореја

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Робот во фабрика за сортирање на зеленчук уби работник, бидејќи не можел да направи разлика од кутијата за храна со која ракувал. Инцидентот се случил при инспекција на роботот од човек задолжен за роботика во компанијата.

Раката на роботот, кој го „помешал“ човекот со кутија со зеленчук, го зграпчила вработениот и го фрлила на подвижна лента, згмечувајќи му го лицето и градите, објави агенцијата Јонхап.

Роботот бил одговорен за подигнување на пакети со пиперки и нивно префрлување на палети.

Претходно оваа година, Јужнокореец на возраст од 50-тина години здоби сериозни повреди, откако беше заробен од робот при извршување на работни обврски во фабрика за производство на автомобилски делови.