„Анкетниот лист на Венко Филипче е целосен, ништо не крие од јавноста„. Ова е одговорот на СДСМ, на тврдењето на портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, дека претседателот на СДСМ сокрил имот во анкетниот лист, за да не се доведе во врска со Медикал 420 од која исчезнуваше марихуана, подоцна фатена во меѓународна акција. Побараа, ако имаат докази, да ги процесираат до надлежните органи.
Митева, пак, денеска ја откри и адресата, на која тврди дека се регистрирани и фирми на Заеви.
Тогашниот премиер Заев, тврди Митева, кога се одземала лиценцата на фирмата, се изземал од одлучување, со објаснување дека се работи за сопствен приватен интерес или интерес на блиско лице.Во полициската акција подоцна, беше уапсен и личниот возач на неговиот братучед, Трајче Заев.
Далиборка Демјанска











