Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митева во Топ тема: Извештајот на ЕК е најлошиот досега за Македонија

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Извештајот на Европската комисија за 2023 година е досега најлошиот за Македонија и не можам да се сетам на извештај во кој генералните оценки биле полоши од овие кои што се, истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Во клучните фундаленти на Европската Унија, темели, да немате апсолутно никаков напредок и тоа да е една дефиниција во извештајот која што неколкупати се повторува, а втората дека состојбите во Македонија претставуваат сериозна загриженост за Европската Унија е реторика која што во дипломатијата е многу сериозна“, изјави Митева.

Таа се осврна на резимето кое што излезе од Собранието, а се однесува на изминатите 13 години и извештаите од 2009 година до 2023 година.

„Од 2009 година до 2023 година, буквално имаме најлоша просечна оценка од 1,52 и таа е полоша од годините 2014, 2015 и 2016 година. Жалам што Македонија има ваков извештај. Не ликувам, не се радувам“, истакна Митева.