Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митева за трагедијата во Кочани: Сега имаме поголема контрола од претходно, институциите се координирани, ризикот е помал, но не е исклучен

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ останува симбол на системски пропусти и институционални слабости, а една година подоцна се отвора прашањето – дали нешто навистина е променето.

Во вечерашната дебата на „Топ Тема“ на Телма, портпаролката на Владата Марија Митева истакна дека институциите презеле засилени мерки и контроли, при што, како што рече, бројките покажуваат поинаква слика од пред кочанската трагедија.

„Филтерот е затегнат. Со спроведените инспекциски надзори во 2025 година имаме само 7 активни лиценци, спроведени 4000 инспекциски надзори, над 1700 платни прекршочни налози и 162 решенија за забрана за вршење на привремена дејност. Само една година претходно, во 2024 година, бројките беа драстично помали“, изјави Митева.

Таа нагласи дека сега институциите работат координирано, и покрај преклопувањето на надлежностите.

„Институциите имаат меѓуресорска или меѓуинституционална заштита. Свесни сме дека во законските прописи има надлежности кои се преплетуваат, но сите институции работеа координирано. Контролата е реална, затоа што бројките го потврдуваат тоа, а со тоа можеме да видиме намален број на проблеми. Не велам дека ризикот е исклучен, но е помал“, додаде Митева.

Сепак, таа посочи дека клучниот предизвик не е само „будењето“ на системот, туку неговото долгорочно функционирање.

„Поважно е функционирањето на еден систем, кој кога ќе го изградите треба да продолжи да функционира, да престане да се руши со промената на власта и да биде систем кој, кога ќе ги воспоставите принципите, ќе продолжи да функционира“, истакна Митева.

Т.Д.