Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Млад мотоциклист загина ноќеска во тешка сообраќајна несреќа во Гостивар

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи ноќеска (29 јули) околу 01:40 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 38-годишниот И.М. од селото Балиндол, гостиварско, и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот А.Б. од Гостивар.

Како што соопшти МВР, од здобиените повреди мотоциклистот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Возачот на автомобилот, И.М., е лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.