Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите се иселуваат, зарем не?

/

пред 1630 дена

Сподели преку :

Пописните резултати покажуваат дека 10 и пол одсто од лицата родени пред 20-тина години, сега не се дел од резидентното население.

Аналитичарите на демографските движења се согласуваат дека тие млади луѓе ја напуштиле земјата. Младите апелираат да се сфати итноста на проблемот.

Младинските организации укажуваат дека 30 години се води погрешна младинска политика и се овозможува недоверба во институциите.

Владата тврди дека се работи и се напредува, во согласност со можностите.

Дебатата во Собранието ја организираше Клубот за младински прашања и политики, во соработка со Реактор, МОФ и Вестминстер.

Се согласија дека за подобрување на животот на младите немаме ниту основен документ како што е стратегијата за младински политики.

Соња Николовска