Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Млекопроизводителите до четврток сами да ги намалат цените, во спротивно тие ќе бидат замрзнати

/

пред 1312 дена

Сподели преку :

Производителите од млекарската индустрија незадоволни од барањето на Владата за намалување на цената на некои од нивните производи за десет до 15 отсто, но и од најавите дека доколку тоа не го сторат до 16-ти март, односно до четврток, исто како и кај лебот и нив ќе им биде замрзната цената.

Малите и средните производители се жалат дека со ваквото намалување на цената тие ќе работат со загуби, бидејќи откако користат субвенционирана струја тие веќе ги намалиле цените.

Министерот за економија Бектеши апелираше млеко преработувачите да не им ја намалуваат откупната цена на сточарите за сметка на ваквите мерки кои ги носи владата.

Владата минатата недела направи анализа според која од производителите на млеко и млечни производи очекува самите да ги намалат цените на своите производи, а за неделава најави дека ќе се направи анализа според која би се направила пресметката за намалување и на цените на јајцата, шеќерот и оризот.

Од Државниот пазарен инспекторат пак најавуваат дека од четврток излегуваат на терен за да проверат дали се почитува одлуката на Владата. За оние кои нема да го сторат тоа предупредуваат дека предвидени се огромни парични казни кои ќе се движат од 800 до 10 илјади евра.