Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Забранети знамиња на Австралија опен

МНР – Укината забраната за македонски знамиња на Австралија опен

/

пред 992 дена

Сподели преку :

Забраната за истакнување македонски знамиња на тенискиот турнир Австралија опен е повлечена и досега не предизвикала ефективни ограничувања, информира Министерството за надворешни работи.

Министерството, преку амбасадата во Канбера, реагирало до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, по што забраната била повлечена.

„Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот“, информира МНР.

Според организаторот, за време на натпреварите на трибините е дозволено да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот, и оти за време на учеството на македонската тенисерка Лина Ѓорчевска на 9 јануари, меѓу гледачите го имало и македонското државно знаме без никакви ограничувања, информира МНР.

Турнирот во Мелбурн започна на 7 јануари, а ќе трае до 28 јануари.

На социјалните мрежи се прошири фотографија од знамињата кои се забранети за снимање од страна на снимателите на турнирот, меѓу кои беше и македонското државно знаме. Други забранети знамиња се тие на Русија, Белорусија, Палестина, Израел, Тајван, како и македонската и грчката верзија на знамето со Сонцето од Вергина.

Срѓан Стојанчов