За Министерот за надворешни работи Бујар Османи измените на Закон за здруженија се спорни само поради нивната ретроактивност, а не поради одредбите за формирање на нови здруженија во иднина. Токму ретроактивното важење на законот за Османи е причина да иницира да биде испратен до Венецијанската комисија.
-Доколку Венецијанската комисија нема забелешки, тогаш никој ќе нема аргумент да спори против новиот Закон за здруженија. Но, можеби Венецијанската комисија ќе даде некои совети за измени во делот на ретроакативноста. Не треба да дадеме алиби на било кој да удира врз нашиот имиџ во светот, вели Бујара Османи, министер за надворешни рАботи.
Тој вели добро решение е предлогот на Министерот за правда до Венецијанска комисија да се испрати новиот Закон за здруженија и фондации кои се подготвува, а не измените на веќе постоечкиот кои неодамна се донесени во Собрание, како преодно решение додека не биде готов новиот. ВМРО-ДПМЕН инсиститра Владата да почне да го применува изменетиот Закон за здруженија, но предлага да се затвори само клубот Цар Борис во Охрид но не и во Битола кој го носи името на Ванчо Михајлов. Лидерот Мицкоски вчера во интервју на Канал 5 рече дека не гледа потреба да се оградува од некогашниот лидер на ВМРО, бидејќи тој е дел од еден континуитет на организиацијата кој треба да се почитува, иако вели не мора да се согласува со политиките на претходниците.
-Ние може да зборуваме за многу контроверзи поврзани за Иван Михаилов, или Ванчо Михајлов како вие што го кажувате, и можеме да зборуваме и за неговата биографија, којашто е да, контроверзна, и која што лично јас не се сложувам со начинот на кој тој делувал во определен период кога тој делувал. Но, мислам дека треба да се задржиме на денешницата, а денешницата е дека имаме клуб којшто провоцира, не обединува, којшто носи име на човек којшто во македонската историја нема добра улога, а тоа царот Борис Трети којшто бил соработник на нацистите во Втората светска војна, и којшто од Македонија испратил над 7.200 Евреи во концентрациони логори и владата треба да го затвори тој клуб, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Со измените во Закон за здруженија се забранува основање и упис на организации чие име и програма, поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, како и ширење и поттикнување фашизам и нацизам. Бугарија во овој документ виде провокација, а лидерот на ГЕРБ Борисов побара одложување на примената на овој закон се до официјалниот став на Венецијанската комисија.
Емилија Мисирлиевски











