Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Моето дете замина поради неадекватна терапија“ – Потресни сведочења на судењето за “Онкологија”

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Моето дете замина поради неадекватна терапија, низ солзи сведочеше Јулија Мациевска за 2 годишната голгота на нејзината ќерка  Адријана Начевска која почина од канцер. На почетокот имале многу доверба во докторот Нино Васев но потоа мајката почнала да се сомнева.

Од хемотерапијата се крена но докторот  одлучи да продолжи превентивно со имунотерапија без да и измерат телесна тежина со направена крвна слика, сведочеше Мациевска, според која  состојбата од тогаш почнала да и влошувала, а симптомите биле се потешки.

Таа алармирала повеќе пати кај Васев, а тој и потенцирал дека тој е докторот. Терапиите продолжиле, a некогаш морале и ноќе да одат на дежурство на Гастро.

  • На Гастро уште првиот пат докторот ми рече дека состојбата не е добра и дека стомакот се полни со вода затоа што црниот дроб има лезии, тоа се вештачки метастази од неадекватна терапија. Одговорот од д-р Васев беше –  кои се тие да кажуваат како и што треба. Во март 2022 беше најтешкиот период. Постојано се менуваа терапии, таблетарни, со инфузии, рече Јулија Мациевска.

Во судницата сведочеа уште двајца роднини на починати пациенти на д-р Васев.  Едниот рече се сомневал во лекувањето затоа што со состојбата во која била неговата мајка има многу излечени пациенти. Другиот пак сведочеше дека здравјето на неговата сопруга се влошувала, а таа и понатаму примала терапија.

Адвокатот на Васев смета дека денешните сведоците  биле наведени од обвинителството да тврдат дека од терапијата им се влошила здравјето и вели дека обвинителството нема докази.

На обвинителна клупа за несовесно лекување одговараат и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.

На минатото рочиште призна вина докторката Мери Пешевска. Во петок пак почнува судењето за другиот предмет поврзан со Онкологија, за економското работење на клиниката, а обвинети се Нино Васев и Нехад Нухи како поранешни директори.

Елена Ивановска Мукоска