Потегот на СПЦ со благослов да ја одбори автокефалноста на МПЦ-ОА, е очекуван, вели за Телма поранешниот претседател на комисијата за односи со верските заедници, Цане Мојановски. Вели, најоптимистички прогнози се дека македонската црква, томосот може да го добие уште на почетокот на јуни за време на заедничкото сослужување со патријархот Вартоломеј.











