Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Моника Зајкова останува независна во Собранието

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, продолжува да делува независно во Парламентот. Ги негира информациите кои доаѓаат од СДСМ, дека е се’ уште дел од нивната пратеничка група од причина што ниту до нив, ниту до Собранието не испратила писмен допис за своето поинакво делување.Вели дека, не чувствува ниту потреба  да го стори тоа и дека не е загрижена поради внатре-партиската иницијатива за нејзина смена по дистанцирањето од досегашните коалициони партнери.

Зајкова тврди и дека немала понуда да се приклучи кон парламентарното мнозинство, а и кога би се случило тоа, првин би разговарала со членовите на партиските тела, кои треба да донесат одлука.

Деновиве неколкумина членови од нејзината партија собираа потписи за смена на раководството, обвинувајќи ја дека кокетира со власта. Таа, пак, тврди дека се работи за 5-6 лица кои поради лични амбиции  собирале потписи од претседатели на општински организации што биле распуштени од претходниот претседател и фалсификувале потписи од починати лица.

Повтори дека тоа за неа е завршена работа, а партијата се фокусира на реална политика.

Далиборка Демјанска