Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мора да го заземеме Брисел, сакаат да нè турнат во војна – Орбан со порака до Унгарците

/

пред 952 дена

Сподели преку :

Ако сакаме да ги сочуваме слободата и суверенитетот, мора да го заземеме Брисел, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на свеченост во Будимпешта по повод 15 март, национален празник за борбата на унгарскиот народ за слобода и независност во 1848 година.

Тој во говорот истакна дека ќе направи промени во Брисел и оти Унгарија не е сама во тоа.

Унгарскиот премиер нагласи оти Унгарија не прифаќа тоа што, како што вели, „Брисел се сврте против луѓето, дека ги турка децата во должничко ропство и ги води луѓето во војна“.

„Сакаат да нè принудат на војна, сакаат да ни закачат мигранти на врат и да ги превоспитуваат нашите деца. Но, ние не сакаме во војна, нема да пуштиме мигранти во Унгарија и не ги даваме нашите деца. Тоа е јасно како ден. Унгарија е слободна и суверена земја и таква ќе остане“, порача Орбан.