Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Може да нѝ се случи Виетнам, ќе влеземе во црна дупа – судир во израелскиот врв за планот за окупација на Газа

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Ејал Замир влезе во отворен судир со премиерот Бенјамин Нетанјаху поради планот за целосна окупација на Газа. Според него, таквиот потег би претставувал сериозно загрозување на безбедноста на израелските заложници (се верува дека 20-тина сè уште се живи о 50-те колку што останаа во рацете на Хамас), би довело до исцрпување на израелската војска и влегување во замка на герилско војување.

„Окупацијата на Појасот Газа би го вовлекла Израел во црна дупка, преземање на одговорност за два милиона Палестинци, повеќегодишна операција на чистење, изложеност на герилско војување и што е најопасно, загрозување на заложниците“, предупреди Замир на седницата на безбедносниот кабинет на Израел.

Неговата загриженост ја делат и други високи израелски функционери кои предупредуваат дека Израел „би можел свесно да влезе во виетнамски модел“, алудирајќи на американската кампања во Виетнам која стана симбол на долготраен и скап отпор со мали резултати.

Поддршка на Замир даде министерот за одбрана, Израел Кац кој до вчера го повикуваше началникот на Генералштабот да го ублажи ставот кон владиниот план.