По усвојувањето на предлогот на ЦДУ за построга миграциска политика со поддршка на АфД, во Германија се одржаа масовни протести. Демонстрантите, меѓу кои имаше и илјадници во Берлин, го обвинуваат Фридрих Мерц, кандидатот за канцелар на ЦДУ, за прекршување на непишаното правило за несоработување со екстремната десница.
Протестите беа организирани од Алијансата „Заедно против десницата“, која го критикуваше Мерц за тоа што го прави десничарскиот екстремизам на АфД општествено прифатлив. Ова гласање за миграциската политика беше остро осудено од различни политички и граѓански групи, вклучувајќи ги Социјалдемократите, Зелените и другите организации.
Поранешната канцеларка Ангела Меркел, исто така, се дистанцираше од политиката на Мерц. Во пресрет на денешното гласање за нови предлог-закони кои повторно ќе бараат поддршка од АфД се очекуваат нови протести.
Германските пратеници се соочуваат со уште едно спорно гласање од миграциската реформа











