Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Можно распишување тендер за регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Тендерската документација за  изградбата на современата регионална депонија за источниот и североисточниот регион кај светиниколското село Мечкуевци се преведува на сите јазици членки на ЕУ, и можно е овој тендер да се распише наредната недела, а за македонските власти крајниот рок е до Нова година.

Експертите кои работат на оваа депонија во изминатите 12 години сметаат дека потребна е поголема посветеност од страна на општините и јавните комунални претпријатија во решавање на проблемот со депонирање на отпадот во преодниот период, затворање на постојниите помали депонии и рехабилитација на земјиштето.

Затворени се депониите во неколку општини, сега треба да се градат и шестте претоварни станици за 18 општини, рехабилитација на патната инфраструктура до депонијата ќе се реализира во исто време со депонијата.

Главната компонента на проектот е редуцирање, рециклирање и реупотреба, односно, само мал дел од отпадот да се депонира, за што се работи и на подигање на јавната свест кај населението.

Регионалниот Центар за управување со отпад ќе опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имал вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Проектот чини околу 40 милиони евра, а средства се обезбедени од фондовите на ЕУ.

Викторија Димитрова Јованова