Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) пријави дека во периодот од февруари во 2026 година до вчера попладне, од црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје, бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Притоа, според пријавеното, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.











