Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Му отишол дома и се заканувал – обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар

/

пред 519 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се заканило дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Како што соопштуваат од обвинителството, лицето се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144, став 4, во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

„На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања. Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал“, стои во соопштението.

Со обвинителниот предлог, како што дополнуваат, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.