Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Му се заканувал дека ќе го убие и уништи животот – предложени мерки на претпазливост за скопјанец кој се заканувал на Стевчо Јакимовски

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста. Негова мета, како што се наведува во соопштението на Јавното обвинителство бил градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

„На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму. Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.