Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муареми за КОД: Ме обвинуваат за трговија со дрога и за убиство, а нема докази против мене

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Во јули годинава беше поднесено обвинение за 5 членови на криминалната група Дуќанџик/Грчец за трговија со кокаин и за двојно убиство. Претходно полицијата за лидер на оваа група го прогласи Шеваљ Муареми.

Се бара со меѓународна потерница, а КОД веќе пишуваше дека се наоѓа во Дубаи. Со месеци се обидувавме да стапиме во контакт со него. Сега за КОД ја раскажа и својата страна на приказната и тврди дека докази за него нема.

Прифати да разговора со новинарите на КОД, но не сакаше тоа да биде пред камера. Снежана Лупевска во КОД открива што прави Муареми во Дубаи.

Во КОД ексклузивно од Шпанија се јавува и Реџеп Сехратлиќ Репки, осомничен дека е дел од групата на Муареми.

Тие беа осомничени по пробивањето на апликацијата Скај, која ја користеле криминалците за безбедна комуникација.

Одбраната ги смета за незаконски докази, обвинителството како клучни за расветлување на злосторствата.