Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски ја пречека на аеродром, Мицкоски пред Влада – Фон дер Лајен пристигна во Скопје

/

пред 723 дена

Сподели преку :

Претседелката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен претпладнево допатува во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, според кого посетата на Фон дер Лајен е потврда за проевропската ориентација на владата и доказ дека иднината на државата е тесно поврзана со иднината на европското семејство.

Фон дер Лајен пред владата беше дочекана од премиерот Христијан Мицкоски. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот и претседателката на ЕК, по што ќе се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации.

По состанокот е најавена заедничка прес-конференција. Според најавите, Фон дер Лајен попладнево ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.