Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Телефонски разговор имал денеска министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски.

– Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период, пишува Муцунски.