Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски очекува извинување од бугарска страна за „институционалната протоколарна грешка“, за бугарското МНР средбата не била официјална и не било предвидено поставување на државни знамиња

/

пред 773 дена

Сподели преку :

„Природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување“, вели шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на прашање дали воопшто ќе имаше државна реакција за отсуството на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија на 13-ти септември, ако не беа критиките во македонската јавност.

  • „Бидејќи гледаме дека има прозивки, единствен начин да реагирате за вакво нешто, кога гледате дека се случила институционална протколарна грешка од другата страна е начинот на којшто ние реагиравме вчера како МНР. Усна реакција на лице место не е формална рекација и дипломатскиот протокол многу строго ги регулира овие прашања“, вели Муцунски.

На прашање што доколку Бугарија остане на објаснувањето дека не станува збор, ниту за официјална, ниту за работна средба и дека поради тоа не се следел вообичаениот протокол, Муцунски вели дека во тој случај се навлегува во прашањето за билатералните односи.

  • „Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување. Тогаш ќе веруваме дека и другата страна настапува во овие релации бона фиде. Не би сакал да се разочарам од нашиот сосед и да видиме недостаток на реакција. Ние ќе продолжиме да бидеме позитивен чинител во нашиот регион, но ќе видиме по реакцијата за овој случај, каде имаше очигледен протоколарен пропуст од другата страна, која е намерата на актуелниот претседател и техничкиот кабинет“, додава Муцински во интервјуто.

Денеска пак во соопштение од МНР, се вели дека „амбасадорот Радуков вербално се запознал со целата содржина на нотата и одбивањето да ја прифати не значи дека пораките пренесени на оваа средба имаат различно или помало значење“.

  • „На вчерашната средба во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која усно и писмено беше изразена нашата загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирање на претседателката Силјановска Давкова и претседателот Радев, амбасадорот на Бугарија, Жељаско Радуков, одби да го прифати нотата. Појаснуваме дека амбасадорот Радуков вербално се запознал со целата содржина на нотата и одбивањето да ја прифати не значи дека пораките пренесени на оваа средба имаат различно или помало значење”, велат од Министерство за надворешни работи.

МНР му врачи протестна нота, бугарскиот амбасадор одбил да ја прими

Бугарско МНР: Посетата беше по повод културен настан, па протоколарната практика не предвидува интонирање на химните

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека вонредниот и ополномоштен амбасадор во понеделник бил поканет на разговор во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, и додаваат дека Муцунски ја одбил поканата за средба со неговиот бугарски колега Кондов.

  • „Посетата беше по повод културен настан – гостување на Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Софија и нема карактер на државна, официјална или работна посета. Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Горенаведеното го изјави и амбасадорот Радуков вчера во разговорот со дипломатите од МНР на РСМ“, наведуваат во соопштението на бугарското МНР, кое го пренесува Vesti.bg.

„Потсетуваме дека, водена од желбата за добрососедски односи и останувајќи доследна на својата политика за одржување отворен дијалог со партнерите од Република Северна Македонија, бугарската страна испрати покани до министрите кои ја придружуваат претседателот, Силјановска -Давкова, за средби со нивните колеги. За жал, поканата од министерот за надворешни работи, Иван Кондов, до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски е одбиена“, додаваат од бугарското МНР.

Како што соопштија од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, таа на 13.09.2024 година во Софија оствари тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што се одржа состанок на македонската и бугарската делегација, на кој покрај претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Министерот за култура Љутков имаше средба со бугарскиот колега Најден Тодоров, која според фотограгиите помина без македонското знаме, а од неговиот кабинет испратија соопштение дека имало отстапки од протоколот, бидејќи не требало да има фотографии.

  • Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Љутков на 13.09.2024.