Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски: Одлуката на Уставен за Протоколот нема да смени ништо во Преговарачката рамка

/

пред 429 дена

Сподели преку :

Каква и да е одлука на Уставниот суд по однос на уставноста на Протоколот од Договорот за добрососедство со Бугарија, тоа нема да смени ништо во поглед на Преговарачката рамка која ја има Македонија со Европската унија. Ова е ставот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој притоа се воздржа од коментар за самата иницијатива за уставноста на вториот Протокол од Договорот со Бугарија, која пред три недели беше поднесена од поранешната пратеничка Лилјана Поповска, а по која Уставниот суд пред два дена оформи предмет.

  • „Од таа гледна точка не мислам дека самата одлука ќе влијае врз основа на реализиција на нашата стратешка цел, ниту ќе влија не било каков начин врз содржината на Преговарачката рамка која што државата ја има со Европската унија, бидејќи самиот Протокол не е формален-правен дел од Преговарачката рамка“, изјави Муцунски.

Муцунски за тоа дали негативна одлука на Уставниот суд може да влијае врз Договорот со Бугарија, смета дека постапката не треба да има какво и да е влијаени врз односите со Софија, со очекување таа да се однесива европски по сите значајни билатерлани прашања, а не неевропски.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак со неодреден одговор за тоа како ќе влијае одлука на Уставниот суд врз Преговарачката рамка, односно за тоа, дали Македонија ќе се повлече од Преговарачката рамка по негативно одлука од Уставен, тој одговори дека земјата никогаш нема да се повлече од преговорите со Европската унија.

Тамара Грнчароска