Најважната компонента на европската агенда е дека станува збор за набилдана, амбициозна агенда која Западниот Балкан, на брза лента, треба да го подготви за брзо членство во Европската Унија, рече Орхан Муртезани, министер за европски прашања, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Европската агенда до максимум ќе ги тестира сите наши капацитети. И постоечките и се останато што треба да го градиме во иднина за добро спроведување на реформската агенда. Станува збор за сериозна операција која што пред нас ни дава задачи поврзани со временски рокови и финансиските средства кои што се поврзани со реформите, можат да ни станат расположливи, само откако реформата ќе биде успешно спроведена, откако ќе биде докажано дека е соодветно спроведена и откако целата таа документација ќе биде однесена во Европската комисија и ќе се констатира дека е така“, нагласи Муртезани.











