Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР до граѓаните: Платените казни од „Безбеден град“ нема потреба да ги приложувате во полициска станица

/

пред 166 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица.

„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, со што ќе го заштедат и своето време и ќе избегнат непотребен метеж.