Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

/

пред 878 дена

Сподели преку :

МВР информира дека досега не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето.

Од таму велат дека тоа се одвива генерално мирно и без проблеми. Додаваат дека од отворањето на гласачките места до 11 часот до нив стигнале две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место на територија на Шуто Оризари како и за растурени летоци и залепени плакати  на територија на Чаир за што се преземаат мерки за расчистување на случаите.

-Исто така имаме добиено неколку пријави за агитирање во Тетово, Куманово, Скопје и Струмичко, но до сега од преземените мерки од страна на полициските службеници тие наводи не се потврдени, соопштија од МВР.

Од таму апелираат до граѓаните и учесниците во избирачкиот процес и во останатиот дел од денот да се воздржат од инциденти , а доколку има било какво нарушување на процесот, и на јавниот ред и мир, тоа да го пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112.