Полицијата лишила од слобода 60 лица поради безобѕирно управување со возило. Од нив, 11 управувале со возило под дејство на алкохол, 17 без возачка дозвола, шест возеле и покрај претходно изречена забрана, додека едно лице било приведено за возење во забранет правец.
Во истиот период, согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 20 возила. Статистиката покажува и 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол. Дополнително, санкционирани се 193 лица поради некористење сигурносен појас, 10 мотоциклисти за неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.
Според Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 29 нерегистрирани возила и 12 возила поради техничка неисправност, додека девет возачи биле казнети поради несоодветно затемнување на стаклата.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.











